Top Sport

Лошо деби на Роџерс – Лестер загуби во последната минута кај Ватфорд (видео)

Нов тренер, речиси иста игра. Лестер сити загубија со 2:1 на гостувањето кај Ватфорд во првиот меч на Брендан Роџерс на клупата на поранешниот англиски шампион откако Андре Греј им даде гол во 92. минута!

Ватфорд дојде до рано водство, откако ударот од слободен удар на Жерард Деулофеу го пренасочи Трој Дини уште во петтата минута од мечот, по што гостите се мачеа да стигнат до израмнување.

Како и многу пати досега, Лестер се потпре на Џејми Варди, кој по една брза акција на Лестер излезе сам пред голманот Бен Фостер и го совлада од речиси 20 метри. Меѓутоа, тука не беше крајот.

Во драматична завршница по едно лошо нафрлање на голманот Каспер Шмајхел, Ватфорд одиграа брза акција, а Андре Греј успеа да донесе триумф за домаќините.

Со трите поени, Ватфорд е на осмото место со 43 поени, додека Лестер е 11. со 35 поени. Инаку, Роџерс е поранешен менаџер на Ватфорд и пред овој меч можеше да се пофали со тоа што никогаш не загубил од тим во кој претходно бил менаџер.

Scroll to Top