Top Sport

УФЦ рунда на годината? Муњоз го „здрви“ Гарбранд (видео)

УФЦ 235 во Лас Вегас донесе многу интересни мечеви, од титулата на Џон Џонс, до победите на Забит Магомедшапиров, УФЦ појасот за Камару Усман и дебито на Бен Аскрен. Но, многумина ја посочуваат единствената рунда на дуелот меѓу Педро Муњоз и Кори Гарбранд како рунда која можеби ќе ја одбележи 2019.

Поранешниот шампион во бантам категорија Гарбранд се обидуваше да се врати по поразот од Ти Џеј Дилашоу, но наместо тоа доживеа тежок пораз по една луда рунда.

На 40 секунди пред крајот, Гарбранд влезе во офанзива, ставајќи го Бразилецот Муњоз на маки, а го погоди во главата и со колено. Низата луди удари продолжи, пред Муњоз да го „успие“ противникот со фуриозен удар со десната рака.

Scroll to Top