Top Sport

Ловрен: Не требаше да добиеме пенал

Контроверзен пенал, синоќа, им овозможи на фудбалерите на Зенит непоразени да заминат од Малме. Дуелот во Х-групата заврши без победик 1:1, по што Зенит обезбеди место во нокаут фазата во Лига Европа. Од оваа група, во осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе играат Челси и Јувентус.

Малме неколку минути беа оддалечени од победата. Водеа со 1:0, во 52.минута голманот на малме му одбрани пенал на Дзјуба, но беше немоќен кога најстрогата казна во 92.минута ја изведе Ракитцки.

Залудни беа протестите на фудбалерите на Малме дека прекршок за најстрога казна немало. По мечот добија поддршка од капитенот на Зенит, Дејан Ловрен.

„Се согласувам со фудбалерите на Малме, не беше пенал. Невозможно е да скокнете со рацете „залепени“ за телото. Тое е едноставно природно движење“, рекол Ловрен.

Scroll to Top