Top Sport

Борусија со голема плата сака да го задржи Халанд

Борусија Дортмунд нема лесно да се откаже од најдобриот стрелец Ерлинг Халанд. Гласни се шпекулациите дека Норвежанецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Доколку играчот реши да замине, Борусија ќе заработи најмалку 75 милиони евра.

Ерлинг Халанд во јануари 2020 година, од Салцбург се пресели во Дортмунд. Досега одиграл 69 натпревари, на кои постигнал 70 голови. Поради повреда тој нема да игра до крајот на оваа година.

Халанд има 21 година, поради што големите клубови го зголемија интерес за него. Челниците на Борусија се подготвени да влезат во борба со сите нив. Халанд, доколку се согласи да остане во Дортмунд, ќе обие дупло поголема плата.

„Скај спорт Германија“, објави дека Бурусија ќе му понуди плата од 18 милиони евра по сезона.

Според „Трансфермаркт“, Халанд на фудбалскиот пазар вреди 150 милиони евра.

Scroll to Top