Top Sport

Ловрен заминува во Русија, Салах со емотивно збогување со големиот пријател

Ливерпул потврдија дека дефанзивецот Дејан Ловрен си заминува од клубот по шест години на „Енфилд“, откако потпиша тригодишен договор со рускиот Зенит Санкт Петерсбург за сума од 12 милиони евра.

31-годишниот Хрват оваа сезона ретко беше во составот, со само 10 премиерлигашки настапи во сезоната во која Ливерпул ја освои својата прва лигашка титула по 30 години. Тој пристигна во Ливерпул по импресивната деби-сезона во Премиер лигата со Саутемптон во ерата на Брендан Роџерс, а претходно играше и во Динамо Загреб и Лион. Тој си заминува со 185 настапи и 8 гола.

„Сите во Ливерпул му благодариме на Дејан за неговите настапи во текот на годините и му посакуваме сè најдобро во иднина. Тој беше дел од нашиот тим со кој ја освои Лигата на шампионите, УЕФА суперкупот, Светското клупско првенство и Премиер лигата“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Од него посебно се прости Мохамед Салах, откако египетскиот напаѓач склучи одлично пријателство со Хрватот, со кого честопати се „прозиваа“ преку социјалните мрежи.

„Не знам што да кажам пријателу бидејќи не знаеш како се чувствуваш. Ќе ни недостасуваш на сите, а посебно мене бидејќи си ми голем пријател. Те сакам многу, беше одличен и ти благодарам за тоа што го направи за мене и за клубот. Ти посакувам најдобро во новиот клуб“, вели Салах.

 

View this post on Instagram

 

?? @mosalah’s special farewell message to @dejanlovren06… #YNWA #LFC #LiverpoolFC #Liverpool

A post shared by Liverpool Football Club (@liverpoolfc) on

Scroll to Top