Top Sport

ЛШ: Барела во 92. минута спаси реми за Интер со Славија Прага (видео)

По совршениот старт на Серија А со три победи во три меча, очекувањата на навивачите на Интер беше да се стартува и Лигата на шампионите на најдобар начин, меѓутоа тоа не го дозволи Славија Прага, која беше на чекор до сензационална победа, пред да прими гол во 92. минута и да се задоволи со 1:1 на отварањето на најквалитетното европско клупско натпреварување.

Чешкиот тим успеа да го сопре нападот на „нераѕурите“ во првото полувреме, дозволувајќи им само две полу-шанси, по што следуваше големото изненадување, кога во 68. минута, Питер Олајинка прво направи одличен влез во шестнаесетникот, а потоа одбиената топка на Хандановиќ ја смести во мрежата.

Во судиското продолжение (во кое судијата покажа 8 минути), Интер имаше совршена шанса од слободен удар од 20-тина метри да израмни, но ударот на Стефано Сенси заврши во пречката, по што на топката налета Николо Барела и спречи понижувачки пораз.

И во вториот „ран“ меч од првото коло на ЛШ домаќините се мачеа, откако Лион одигра само 1:1 со рускиот Зенит. Сардар Азмун ги донесе гостите во водство во 41. минута, а францускиот клуб успеа да израмни со гол од пенал на Мемфис Депај во 50. минута и до крајот на мечот не ги искористи своите шанси за победа.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА Ф

Интер – Славија Прага 1:1

ГРУПА Г

Лион – Зенит Санкт Петерсбург 1:1

ИНТЕР – СЛАВИЈА ПРАГА

ЛИОН – ЗЕНИТ

Scroll to Top