Top Sport

Ѓорѓиев: Виде ли брат како ги тепавме сред Словенија!

Капитенот и лидерот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев беше директен во интервјуто со „МТВ“ по крајот на мечот во кој Македонија успеа со 3:1 да го совлада домаќинот Словенија.

„Ау, колку ми е кеиф! Финале од нив изгубивме Светска лига, а двапати ги водевме 2:1 и загубивме 3:2. Сега се се врати. Имаме срце. Види го Љавтов како сервира. Види го Владо Милев последни два поени. Знаев дека ќе играме подобро и подобро. Ние можеме, ние знаеме, во одлична атмосфера никогаш не губиме и моравме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобри 16. Сакав да заплачам, немам солзи од уморот. Ова е најдобриот натпревар и ментално најсилниот за нашиот тим“, изјави Ѓорѓиев.

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Scroll to Top