Top Sport

Победата за Бока Јуниорс, финалето за Ривер Плата (Видео)

Бранителите на титулата, фудбалерите на Ривер Плата се првите финалисти во Копа Либертадорес. Ривер во полу-финалето успеа да го елиминира својот најголем ривал Бока Јуниорс.

Првиот меч Ривер го доби со 2:0, а реваншот на стадионот на Бока им припадна на домаќините 1:0. Дуелот се одигра пред 50.000 навивачи, во пеколна атмосфера, а почетокот на дуелот доцнеше 15 минути поради големата количина на хартија што домашните навивачи ја фрлиле на теренот.

Единствениот гол на мечот го постигна Јан Хуртадо во 80 минути.

Scroll to Top