Динамо Загреб, уште еднаш покажа дека со право се во Лигата на шампионите, правејќи го првото големо изненадување на стартот на новата сезона, победувајќи ги Челси со 1:0 за да ги зголеми маките на менаџерот Томас Тухел.
Мислав Оршиќ, еден од најдобрите фудбалери на „модрите“, во 13. минута од мечот успеа да го наттрча новото засилување на „сините“, Весли Фофана, за да постигне прекрасен гол за водство на „Максимир“. Иако Челси потоа доминираше во поседот на топката, Динамо го имаше на голот расположениот Ливаковиќ, но и целата одбрана предводена од Љубичиќ и Стефан Ристовски, за голем резултат.
Во групата Г, пак, Борусија Дортмунд не дозволи изненадување, и стартуваше со 3:0 победа над Копенхаген. Капитенот Марко Ројс го отвори резултатот во 35. минута од мечот, за Рафаел Гереиро во 42. минута да осигура 2:0 предност на полувреме. Џуд Белингем во 83. минута стави точка на мечот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА Е
Динамо Загреб – Челси 1:0
Ред бул Салцбург – Милан 21.00 ч.
ГРУПА Г
Борусија Дортмунд – Копенхаген 3:0
Севилја – Манчестер сити 21.00 ч.