Top Sport

Мбапе и Галтие на „мета“ по смешките со климатските промени на прес-конференција

Првата ѕвезда на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и тренерот Кристоф Галтие се на удар на француската јавност, откако се смееја на прашањето зошто користат приватни летови за кратки дестинации.

Ова доаѓа откако двајцата патува од Париз до Нант со приватен авион за мечот кој го добија со 3:0. Растојанието од Париз до Нант е 380 километри, или 2.5 часа со воз. Кога беше запрашан за еколошкото влијание, Мбапе реши да каже шега, а Галтие додаде.

„Ова утро зборувавме со компанијата која ги организира нашите патувања и разгледуваме опција да патуваме со песочни јахти“, изјави Галтие саркастично.

Градоначалничката на Париз, Ан Хидалго не беше задоволна, пишувајќи на Твитер: „Дали сте сериозни со вакви одговори? Разбудете се луѓе“, додека францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер одговори: „Го сакам Мбапе, но сите мораме да ги сфатиме климатските промени сериозно“

Scroll to Top