Top Sport

ЛШ: Динамо по фуриозниот старт си замина со победа од Бугарија

Динамо Загреб е на добар пат да ја продолжи традицијата на настапи во Лигата на шампиони, откако хрватскиот шампион имаше фуриозен старт за да стигне до 2:1 победа на гостувањето кај бугарскиот шампион Лудогорец.

Дино Периќ уште во шестата минута ги донесе „модрите“ во предност, за три минути подоцна Серџио Пад да си постигне автогол за шокантен почеток на мечот. Лудогорец успеа да намали во 22. минута преку Бернхард Текпетеј. Доколку Динамо го мине Лудогорец, за пласман во ЛШ ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Бодо/Глимт од Норвешка и литванскиот Жалгирис.

До гостинска предност стигна и чешкиот Викторија Плзењ, победувајќи со 2:1 кај минатогодишната сензација во ЛШ, молдавскиот Шериф Тираспол.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИКАЦИИ 1/2 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Шериф Тираспол (Мол) – Викторија Плзењ (Чеш) 1:2

Лудогорец (Буг) – Динамо Загреб (Хрв) 1:2

Монако (Фра) – ПСВ Ајндховен (Хол) 1:1

Унион СГ (Бел) – Ренџерс (Шко) 2:0

Бенфика (Пор) – Митјиланд (Дан) 4:1

Scroll to Top