Динамо Загреб на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, има одлична шанса да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите и да обезбеди десетина милиони евра, откако успеа на гостувањето во Швајцарија кај Јанг Бојс да извлече 1:1.
Голот на гости може да биде одлучувачки за пласман во богатата ЛШ, а резултатот дојде откако домашните доминираа во првиот дел од натпреварот и дојдоа во водство уште во втората минута преку Мбабу. Хрватскиот шампион ја искористи својата шанса во 40-тата минута кога Мислав Оршиќ избегна офсајд-стапица се најде на вистинското место за 1:1.
Другиот славен Динамо, тој од Киев, немаше толку среќа на гостувањето кај Ајакс и загуби со 3:1. Ван дер Бек, Зијач и Тадиќ беа стрелци за „копјаниците“, а мала утеха за Динамо е што постигна гол во гости и сега им треба 2:0 за пласман понатаму.
Позитивен резултат не успеа да оствари ниту тимот на Бобан Грнчаров, унгарскиот МОЛ Види, откако во меч со два црвени картони загуби со 1:2 од АЕК Атина.
Фото: ЕПА
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.НАТПРЕВАР
Ајакс – Динамо Киев 3:1
МОЛ Види – АЕК Атина 1:2
Јанг Бојс – Динамо Загреб 1:1
ЈАНГ БОЈС – ДИНАМО ЗАГРЕБ
АЈАКС – ДИНАМО КИЕВ
МОЛ ВИДИ – АЕК АТИНА