Top Sport

Вида проговори за „Београд“: Кафеана како кафеана, мора да било добро

Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида на СП во Русија стана славен не само по тоа што неговата репрезентација стигна до финалето, туку и по видеата со кои ги провоцираше Русите.

По победата над Русија, Вида постираше видео со помошникот тренер Огњен Вукојевиќ во кое извикуваше „Слава на Украина“, за кое беше предупреден од УЕФА. Потоа, тој се појави на видео со Ивица Олиќ на кое пееше за тоа како „’Београд’ гори, ајмо!“, посветено на кафеаната „Београд“ во Киев, каде што играше за Динамо.

Сега, Вида е во „посета“ на Белград, каде што неговиот Бешикташ игра со Партизан во баражот за Лига Европа, и домашните новинари го „потпрашаа“ за „Белград“.

„Кафеана како кафеана! Ако сум бил таму, значи било добро. Важно е да има добри луѓе таму, но сега не сакам да зборувам за мојот личен живот“, изјави Вида.

Кој му дава на Вида камера? Овојпат со поздрави до „Белград!“ и песна на Тома Здравковиќ (видео)

Scroll to Top