Интер на Симоне Инзаги не успеа да стигне до првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Киев, одиграа 0:0 против Шахтјор Доњецк во меч одбележен со промашувањата на гостите, додека Ајакс во Амстердам немаше проблем да стигне до 2:0 победа над Бешикташ.
По несреќниот домашен пораз од Реал Мадрид во финишот на мечот, „нераѕурите“ беа фаворити против незгодниот украински редовен претставник во ЛШ, но не успеаја да ја оправдаат таа улога. Во првото полувреме имаше неколку спектакуларни промашувања на фудбалерите на Интер, од која најмногу во очи падна таа на Един Џеко во 33. минута. Во второто полувреме пак, Шахтјор ја презедоа иницијативата и имаа поголем дел од поседот, но без вистински шанси за гол.
non capisco gli interisti sconvolti per questo gol sprecato di #Dzeko è la normalità con lui ma vabbe si vede che è arrivato da poco.. #shaktharinter pic.twitter.com/j3GkuUW7rC
— Timo (Pellegrinismo) (@FJZal2) September 28, 2021
На „Амстердам арената“ пак, Ајакс уште во првото полувреме од дуелот со Бешикташ ја заработија втората победа во два меча во ЛШ. „Копјаниците“ дојдоа во водство во 17. минута со голот на Стивен Бергхујс по асистенција на Душан Тадиќ, за во 43. минута, Берхујс да му асистира на Себастиен Але за 2:0.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО
ГРУПА Ц
Ајакс – Бешикташ 2:0
Борусија Дортмунд – Спортинг Лисабон 21.00 ч.
ГРУПА Д
Шахтјор Доњецк – Интер 0:0
Реал Мадрид – Шериф Тираспол 21.00 ч.