Top Sport

ЛШ: Лукаку обезбеди триумф за Интер, Гвардиол не дозволи победа за Сити

Италијанскиот тим Интер го совлада Порто со 1:0 на „Џузепе Меаџа“ и ќе патува со предност на реваншот во Португалија, во осминафиналниот двомеч од Лигата на шампионите. Ромелу Лукаку во 86.минута го постигна победничкиот гол, откако неговиот прв удар со глава заврши во гредата, а потоа одбиената топка ја смести во мрежата.

Порто од 78.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Отавио кој доби два жолти картони.

Лајпциг и Манчестер Сити одиграа 1:1 во Германија. Ријад Марез во 27.минута донесе водство за „граѓаните“, но израмни Јошко Гвардиол со удар со глава во 70.минута, по лошата реакција на голманот Едерсон.

Scroll to Top