Top Sport

ЛШ: На Хофенхајм му избега победата, Ајакс го „скрши“ отпорот на АЕК (видео)

Германското изненадување Хофенхајм и нивниот 31-годишен тренер Јулијан Нагелсман својата деби сезона во Лигата на шампионите ја започнаа со интересно 2:2 реми на гостувањето кај украинскиот Шахтјор, додека Ајакс, на крајот, беше посилен од АЕК Атина (3:0) во првите два меча на денешната програма во ЛШ.

Германскиот клуб стигна до рано водство во Харков, кога во шестата минута Грилиш по одличната акција го совлада противничкиот голман. Шахтјор израмни со одличниот гол на Исмаили во 27. минута, но 11 минути подоцна Нордвајт повторно ги донесе Хофенхајм во водство по корнерот на Крамариќ. Мајкон беше „спасителот“ на домашниот тим, откако во 81. минута со силен удар го матираше голманот Бауман.

Во Амстердам пак, на Ајакс успеа да стигне до 2:0 победа над АЕК Атина, откако го скрши отпорот на грчкиот клуб во второто полувреме. Николас Таљифико во 46. минута доби одлична топка од Нерес за 1:0, Ван дер Бек зголеми на 2:0 по уште една убава асистенција на Тадиќ во 77. минута, за Таљифико со вториот гол во 90-тата минута да го потврди триумфот.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА Е

Ајакс – АЕК Атина 3:0

ГРУПА Ф

Шахтјор Доњецк – Хофенхајм 2:2

Scroll to Top