Top Sport

ЛШ: Пике се израмни со Роберто Карлос, Барса со прв гол и прва победа во ЛШ

Барселона, конечно, во третото коло, успеа да го постигне првиот гол во Лигата на шампионите и да ја забележи првата победа, триумфирајќи со 1:0 над Динамо Киев, додека Ред бул Салцбург се искачи а првото место во својата група Г со 3:1 победа над Волфсбург.

На полупразниот „Ноу Камп“, Барселона не импресионираше, но дојде во водство во 36. минута од мечот преку капитенот Жерард Пике. Ова беше 16. гол за Пике во Лигата на шампионите, со што се израмни со легендата на Реал Мадрид, Роберто Карлос како најдобри стрелци кои играат на позиција на одбранбен играч. Сега трет само останува Серхио Рамос со 15 гола.

До крајот на мечот, каталонскиот клуб ја имаше контролата на текот на натпреварот, но без многу шанси посебно во второто полувреме. Победата доаѓа откако во првите две кола, Барселона двапати загуби со 3:0, прво дома од Баерн Минхен, па и на гости кај Бенфика.

Во групата Г, Салцбург остана непоразен против бундеслигашот. Тинејџерот Карим Адејеми уште во третата минута ги донесе Ред бул во водство, но Волфсбург бргу одговорија во 14. минута преку Лукас Нмеча. Човек на одлука беше младиот швајцарски напаѓач Ноа Окафор со два гола во 65. и 77. минута.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

ГРУПА Е

Барселона – Динамо Киев 1:0

Бенфика – Баерн Минхен 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Г

Ред Бул Салцбург – Волфсбург 3:1

Лил – Севилја 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top