Top Sport

ЛШ: ПСЖ гостува во Милано, Црвена звезда го чека Лајпциг, Сити и Барса пред осминафинална промоција

Две екипи со максимален учинок вечерва би можеле да го потврдат пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите. На програмата се натпревари во групите Е, Ф, Г и Х. Утре, уште два тима ќе имаат можност, на две кола до крајот на фазата по групи, да го потврдат местото меѓу најдобрите 16.

Актуелниот европски првак Манчестер сити во групата Г и Барселона во групата Х со победи ќе одат во осминафиналето.
.
„Граѓаните“ имаат зицер против Јанг Бојс, кој досега освои само бод, додека Барса има нешто потежок предизвик и гостување кај Шахтјор, иако во Хамбург, а не во Украина.

Во групата Е се очекува жестока борба Лацио и Феенорд, кои води на табелата со бод повеќе од Атлетико Мадрид, кој не смее да киксне против Селтик на „Метрополитано“.

Се е отворено во групата Ф, каде лидерот ПСЖ гостува кај „фенерџијата“ Милан, додека во Дортмунд дуелот „да се биде или не“ ќе имаат домашните „милионери“ и гостите од Њукасл.

Во среда виза за осминафинале можат да обезбедат Баерн, кој во А групата ќе ги одмери силите со Галатасарај и Реал Мадрид, кој ја чека Брага во групата Ц.

Манчестер Јунајтед, во случај на победа на Баварците може да дојде до втората позиција, доколку слави во Копенхаген.

А на победа на Реал се надева Наполи кој во случај на очекуван триумф над Унион Берлин би бил на чекор до осминафиналето.

Во групата Б, Севилја мора да оди на се или ништо против Арсенал во Лондон, а во иста ситуација е и ПСВ кој го чека Ленс.

Во групата Д, Интер ќе бара трета последователна победа во Салцбург за да направи чекор кон нокаут фазата.

Од друга страна, Бенфика нема што да загуби пред гостувањето во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад.

Scroll to Top