Top Sport

ЛШ: Салцбург со два пенали и „пресуди“ на Шкендија (видео)

Ред бул Салцбург е многу блиску до баражот за пласман во Лигата на шампионите, откако во првиот меч со шампионот на Македонија, Шкендија стигна до 3:0 победа благодарение на двата гола од пенал.

Австрискиот шампион дојде во водство уште во 16. минута, кога Изралецот Мунас Дабур беше прецизен од белата точка по еден несмасен потег на Тотре, а во финишот на полувремето истиот фудбалер со глава го „пренасочи“ обидот на Златко Јунузовиќ за предност од 2:0.

Точка на натпреварот стави Диаде Сасамеку со гол од пенал во 80. минута, со што шансите на Шкендија за сензација во реваншот се само теорија. Во 85. минута имаше мал прекин на мечот откако поради невремето откажа осветлувањето на „Ред бул арената“.



Во Солун пак, ПАОК успеа да направи неверојатен кам-бек и од 0:2 негатива да направи пресврт за 3:2 победа над Спартак Москва, во меч во кој домашните навивачи имаа политичка провокација со транспарент за Македонија.

Спартак стигна до лесна предност од 2:0 со головите на Попов (7.) и Промес (17.), меѓутоа ПАОК во лудото прво полувреме успеа да постигне три голови. Александар Пријовиќ од пенал намали на 1:3 во 29. минута, Димитриос Лимниос израмни во 37. минута, за Димитриос Пелкас во 44. минута да го комплетира пресвртот.




Фановите на ПАОК со провокација: Македонија е една и единствена и таа е тука!

Scroll to Top