Шкендија ги заврши натпреварувањата во Лигата на шампионите оваа сезона, откако на реваншот против Салцбург прими гол во финишот на натпреварот за 0:1 пораз на „Филип Втори“ во Скопје.
Македонскиот шампион имаше висока негатива од 3:0 по гостувањето во Австрија, така што беше нереално да се очекува дека ќе може да направи нешто повеќе против шампионот на оваа земја. Стрелец на единствениот гол беше Јапонецот Такуми Минамино во 92. минута од мечот по несфатливата грешка на фудбалерите на Шкендија.
Европските натпревари не завршуваат за Шкендија, бидејќи тие сега ќе имаат шанса да влезат во Лига Европа, ако го минат следниот противник во баражот. Розенборг го доби првиот меч со ирскиот Корк сити со 2:0 и е блиску до оваа пресметка.
Два грчки тима пак, влегоа во баражот за пласман по групи. ПАОК одигра 0:0 на гостувањето кај Спартак Москва (прв натпревар 2:3), додека АЕК Атина со 2:1 го елиминираше Селтик откако во првиот натпревар одиграа 1:1.
АЕК во баражот го доби можеби најпосакуваниот противник, унгарскиот МОЛ Види кој со подобра гол-разлика го елиминираше Малме, додека ПАОК оди на силната Бенфика, која издржа за 1:1 на гостувањето кај Фенербахче, за кои 90 минути одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Динамо Загреб лесно со 1:0 ја победи казахстанската Астана, за вкупни 3:0 и сега игра со швајцарскиот Јанг Бојс за место во ЛШ.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 2.НАТПРЕВАР
Спартак Москва (Рус) – ПАОК (Грц) 0:0, прв натпревар 2:3, вкупно 2:3
АЕК (Грц) – Селтик (Шко) 2:1, прв натпревар 1:1, вкупно 3:2
Динамо Загреб (Хрв) – Астана (Каз) 1:0, прв натпревар 2:0, вкупно 3:0
Фенербахче (Тур) – Бенфика (Пор) 1:1, прв натпревар 0:1, вкупно 1:2
МОЛ Види (Унг) – Малме (Шве) 0:0, прв натпревар 1:1, вкупно 1:1, МОЛ Види оди понатаму
Шкендија (Мкд) – Салцбург (Авт) 0:0, прв натпревар 0:3, вкупно 0:3