Тотенхем ќе се судри со најголемото изненадување во Лигата на шампионите, Ајакс во полуфиналето, додека Ливерпул ќе оди на пресметка со Барселона, откако двата англиски тима на различен начин успеаја да се пласираат понатаму.
Тотенхем во меч со многу драма, пресврти и две контроверзни ВАР-одлуки успеа да загуби со минимални 4:3 од Манчестер сити, додека Ливерпул и во вториот меч рутински на „Драгао“ со 4:1 го совлада Порто.
Мечот на „Етихад“ го имаше најлудиот старт во историјата на Лигата на шампионите, кога во првите 11 минути се постигнаа четири гола, а по 21 минута Манчестер сити имаше водство од 3:2. Сити поведе веќе во четвртата минута преку Рахим Стерлинг, но потоа на сцена стапи Хеунг-Мин Сон, откако Кореецот постигна два гола за 2:1 водство на гостите. Во 11. минута, Бернардо Силва израмни на 2:2, додека Стерлинг со вториот гол донесе 3:2 во 21. минута од мечот, комплетирајќи го лудото прво полувреме.
Во второто, Сити притисна од почетокот, и ова вроди со плод во 59. минута, кога Серхио Агуеро по неколку фантастични одбрани на Иго Љорис, го матираше за 4:2, резултат кој го носеше тимот на Пеп Гвардиола во полуфинале.
⚽️ Manchester City vs Tottenham | Fernando Llorente (GOAL) 73′ pic.twitter.com/a2kNhrE2Fb
— D9INE (@D9INE_X_) April 17, 2019
Во 73. минута се случи првиот контроверзниот момент во лудиот натпревар – Фернандо Љоренте успеа да постигне гол по нафрлање на Трипиер, но топката изгледаше како прво да ја удри неговата рака, па неговиот колк и заврши во голот на Едерсон. Судијата Џунејт Чакир долго време ја разгледуваше снимката пред да го признае голот.
Мечот кој имаше луд почеток имаше уште полуд финиш! Сити се видоа во полуфиналето кога по една лошо проиграна топка на Кристијан Ериксен топката дојде кај Агуеро, кој му ја додаде на Стерлинг кој го совлада Љорис! Додека Пеп Гвардиола трчаше и славеше, судијата Чакир повторно го консултираше ВАР системот и одлучи дека нема гол.
⚽️ Manchester City vs Tottenham | (GOAL DISALLOWED) 93′ pic.twitter.com/CyUHiAlQIp
— D9INE (@D9INE_X_) April 17, 2019
Кој го пропушти овој меч, може да жали!
Во Португалија пак, немаше толку драма, откако Ливерпул стигна до 3:1 победа, за заедно со домашниот 2:0 триумф да го елиминира Порто со вкупно 5:1 за мега-пресметка во полуфиналето со Барселона. За Ливерпул, повторно главен човек беше Мохамед Салах, по сите критики дека има „слаба“ сезона во споредба со минатата
Садио Мане во 26. минута ја искористи асистенцијата на Салах да го совлада ветеранот Касилјас за 0:1 водство. Самиот Салах се запиша во листата на стрелците во 65. минута, пред новиот фудбалер на Реал Мадрид, Милисао да намали на 1:2. Сепак, „црвените“ не се штедеа во финишот на мечот и постигнаа уште два гола, прво преку Роберто Фирмино во 77. минута, а потоа и преку Ван Дајк во 84. минута за убедлив триумф.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ, ВТОРИ МЕЧЕВИ
Манчестер сити – Тотенхем 4:3, прв натпревар 0:1, вкупно 4:4, Тотенхем оди понатаму поради “гол на гости“
Порто – Ливерпул 1:4, прв натпревар 0:2, вкупно 1:6
ПОЛУФИНАЛЕ
Ајакс – Тотенхем
Барселона – Ливерпул
ДРУГИ ПЛЕЕРИ