Кипарскиот шампион Омонија Никозија ја исфрли Црвена звезда во квалификациите за Лигата на шампионите, откако по 1:1 ремито по 120 минути, во пенал серијата домаќините беа поуспешни.
Диего Фалчинели во третата пенал серија и Милош Дегенек во четвртата не успеаја да го совладаат противничкиот голман, за да дозволат Омонија да стигне до 4:2 победа на пенали и дуел со грчкиот Олимпијакос во плејофот во ЛШ.
Чехот Михаел Луфтнер во 31. минута од мечот се најде на вистинското место по еден корнер за Омонија, и по несмасната реакција на одбраната на српскиот шампион, пред во 45. минута, Мирко Иваниќ да израмни на 1:1 по одличното нафрлање на Бен.