Српскиот шампион, Црвена звезда ќе се бори за место во Лигата на шампионите, откако со 2:1 во продолженијата успеа да го победи незгодниот словачки тим на Спартак Трнава, додека поранешните европски шампиони Ајакс доминираа во соседскиот дуел со Стандард Лиеж победувајќи со 3:0.
Звезда дома одигра само 1:1 против Трнава, и бргу им следуваше шок, кога по една брза акција во шестата минута, Марек Бакош налета на нафрлената топка од Андреј Кадлец и без проблеми го совлада голманот на Звезда. Меѓутоа, „црвено-белите“ бргу се созедоа и во речиси идентична ситуација израмнија на 1:1 во седмата минута преку Бен по нафрлањето на Радоњиќ.
Овој резултат остана во текот на регуларните 90 минути, за човек на одлука повторно да биде Немања Радоњиќ, кој сега по асистенција на Бен постигна убав гол во 98. минута од мечот. Спартак имаше шанси да го врати мечот во живот во 121. минута, кога беше суден пенал за Словаците, но Борис Годал не успеа да го реализира. Но, дури и дадеше гол, со 2:2 резултат, одеше гостинот, поради повеќе голови постигнато на гости.
Звезда сега се среќава со Салцбург за место во ЛШ, откако австрискиот шампион беше подобар од македонскиот шампион Шкендија со 3:0 и 1:0.
Ајакс пак, не дозволи уште едно изненадување какво што му се случи во Белгија минатата недела (кога од 2:0 водство, примија два гола во финишот за 2:2), декласирајќи го Стандард Лиеж со 3:0 во меч кој беше одлучен уште во првото полувреме. Ајакс за место во елитата ќе игра со украинскиот Динамо Киев.