Еден од најуспешните фудбалски тренери во Украина, Романецот Мирчеа Луческу го предаде својот поранешен клуб. Тој стана нов кормилар на лутиот ривал, Динамо Киев.
Навивачите на двата клуба се шокирани од „трансферот“.
Како што е соопштено, 74-годишниот стратег потпишал двегодишен договор со клубот од главниот град. Тој вели дека Романија му недостасувала.
Луческу со Шахтјор освои 8 шампионски титули, а го донесе во Доњецк и трофејот од Купот на УЕФА во 2009 година.
Навивачите на Динамо по социјалните мрежи масовно споделуваат фотографија на која Романецот е со бесилка околу вратот.
Dinamo Kiev's ultras are already in love with Lucescu. NOT! pic.twitter.com/UGM5563IEj
— Emanuel Roşu (@Emishor) July 23, 2020