Натпреварот од втората лига на Србија меѓу Динамо Врање и Железничар Панчево го донесе можеби најсмешниот автогол постигнат од голман во историјата.
Голманот Мирослав Орлиќ во 88. минута имаше одлични две одбрани на гостинскиот тим, доби аплаузи од публиката (иако во Србија не е дозволено да присуствуваат навивачи), по што се обиде да ја дофрли топката напред, и на некој начин ја смести во сопствената мрежа.
За среќа, ова не влијаеше на резултатот – Динамо стигна до 3:1 победа.
Dinamo Vranje goalkeeper Miroslav Orlic makes a great save and then scores a very unfortunate own goal. pic.twitter.com/ZnV3QQTGON
— Serbian Football (@SerbianFooty) October 12, 2020