Top Sport

Форбс: Далас Каубојс вредат најмногу, Јунајтед испаднаа од Топ 5

Највредниот клуб во светот се Далас Каубојс, објави магазинот „Форбс“. Најголем пат, од четири места, на листата забележа Манчестер Јунајтед, кој по долги години испадна од Топ 5. Меѓу највредните десет спортски клубови во светот три се од градот Њу Јорк.

НФЛ франшизата од Далас, Каубојс, според „Форбс“ е проценета на пет милијарди долари. Каубојс ја предводат листата пред бејзбол франшизата Њујорк Јенкис, а за зад нив се фудбалските великани од Шпанија, Реал и Барселона. Топ 5 го затвора НБА франшизата Њујорк Никс.

Манчестер Јунајтед се на шестото место, а меѓу највредните десет спортски клубови во професионалниот спорт уште се Њу Ингланд Петриотс (НФЛ), Лос Анџелес Лејкерс (НБА), Голден стејт Вориорс (НБА) и Њу Јорк Џајантс (НФЛ).

Листата на сите 50 највредни клубови може да ја погледнете тука.

Scroll to Top