Top Sport

Луда драма во Торино – поништен гол на Јуве, мешаница на теренот и само реми со Салернитана

Потпросечниот старт на сезоната на Јувентус се закануваше дека ќе прерасне во вистинска криза, пред во драматична завршница сепак да одиграат 2:2 со Салернитана во меч кој имаше драматична завршница на граница на инцидент.

Првото полувреме беше катастрофално за тимот на Макс Алегри, откако прво во 18. минута ветеранот Антонио Кандрева ги донесе гостите во неочекувано водство, за во последните минути пред одморот, да биде досуден пенал за Салернитана по играта со рака во шестнаесетникот на Бремер. Поранешниот фудбалер на Милан, Кшиштоф Пјонтек, кој се врати во Италија како позајмен фудбалер од Херта, беше прецизен од белата точка.

Во второто полувреме, „бјанконерите“ тргнаа далеку поофанзивно, што во 51. минута резултираше со гол токму на Бремер по асистенција на Филип Костиќ. Јуве исто така ја погодија пречката преку Влаховиќ, но мораа да почекат до 92. минута кога по еден непотребен старт во шестнаесетникот беше досуден пенал. Обидот на Леонардо Бонучи заврши во рацете на голманот Луиџи Сепе, но одбиената топка, дефанзивецот потоа ја смести во голот.

Во следниот напад, Салернитана беа блиску до гол, пред веднаш потоа, Аркадиуш Милик во 94. минута да постигне гол, кој по ддолго разгледување беше поништен поради офсајд, а во меѓувремето на теренот имаше туркање меѓу фудбалерите на двата тима. На крајот, покрај Милик, кој доби втор жолт картон за прославата на поништениот гол, директен црвен картон доби и тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри, Хуан Квадрадо, како и дефанзивецот на Салернитана, Федерико Фацио.

Scroll to Top