Top Sport

Грција не им дозволи на Чесите да приредат нова сензација на Евробаскетот

Грција се пласираше во четврт-финалето на Евробаскетот, каде што ги очекува дуел со домаќинот Германија, откако се „разбудија“ во последната четвртина и не дозволија нова сензација стигнувајќи до 94:88 победа над Чешка.

Грците, преводени од Јанис Адетокумбо, несомнено се едни од фаворитите за златото по елиминацијата на Србија, почнаа одлично со 16:6 водство, но потоа дозволија Чесите да се вратат со своја серија и да поведат. Томаш Саторански успеваше да ги држи Чесите во игра до последната четвртина, кога Јанис Папапетру постигна пет поени во низа, за Адетокумбо со две тројки да го направи пресвртот.

Адетокумбо заврши со 27 поени (но само 8-од-17 од игра), 10 скока и 5 асистенции, а Ник Калатес со 14 и Јанис Папапетру со 13 помогнаа за тешката победа. Јан Весели имаше 21 поен за Чешка, доека Саторански иако имаше само 3 поени, заврши со 17 асистенции и 8 скока.

Scroll to Top