И колумбиската ѕвезда на Јувентус, Хуан Квадрадо се јави со осуда на неверојатната „местенка“ во втората колумбиска лига за влез во елитата, откако и Асоцијацијата на играчи побара истрага за мечот помеѓу Љанерос и Унион Магдалена во саботата навечер.
Љанерос водеа со 1:0 до 95. минута од мечот, кога гостите постигнаа два гола во 95. и 96. минута, а снимката од победничкиот гол, покажува како противничките фудбалери се тргаа од противниците да им дозволат дадат гол.
Со овој резултат Унион Магдалена влегува во Димајор лигата, пред Форталеза, кои со 2:1 загубија дома од Богота.
Квадрадо, капитенот на Јувентус, вели дека ова покажува недостаток на почитување за фудбалот во Колумбија, додека неговиот соиграч од репрезентацијата Матеус Урибе го нарече скандалот „срамота за колумбискиот фудбал“.
Unión Magdalena 1-0 down at Llaneros in the 94th minute with promotion to Colombia’s top flight on the line. Equalise and then score this a minute later to go up pic.twitter.com/Ghh906wVDU
— James Dart (@James_Dart) December 5, 2021
? Esto es escandaloso. Segunda División de Colombia. Unión Magdalena perdía contra Llaneros, pero lo dio vuelta con goles a los 90+5 y 90+6 y ascendió a Primera.
El segundo apenas se notó: pic.twitter.com/BjVJtKVQW1
— Ovación24 (@ovacion24) December 4, 2021