Top Sport

Лудa „пресметка“ на дуелот од англиската женска Суперлига

Интензитетот на кој се игра фудбалот во англиската Премиерлига очигледно се „сели“ и во женската Суперлига, каде што на дербито помеѓу Астон вила и Вест хем имавме шанса да видиме еден луд меч во кој имаше три гола, еден промашен пенал, два црвени картони за тренерите, 102 минути игра и една „боксерска“ пресметка.

Вест хем даде два гола во првите 15 минути игра преку Бринјарсдотир и Хајаши. Вила утна пенал преку Леман во 75. минута за четири минути подоцна да намали на 1:2 преку Дали, но во продолжението имаше луда пресметка.

Хава Сисоко од Вест хем доби црвен картон по дуелот со Сара Мејлинг, која на крајот настрада по силниот удар со десната рака.

Scroll to Top