Top Sport

Белгиската полиција влезе во Андерлехт и во националната федерација!

Белгиската полиција направи рација во канцеларијата на фудбалскиот клуб Андерлехт и на националната фудбалска асоцијација во средата истражувајќи перење на пари во операција во која се вклучени агенти и трансфери на фудбалери.

Портпаролот на клубот од Брисел објави дека тие целосно соработуваат со истрагата, додека од Белгиската федерација објавија дека од нивното седиште биле одземени документи за трансфери на фудбалери.

Според локалната телевизија „ВРТ“ главната цел на истрагата се трансферите направени пред 2017 година, кога клубот од Брисел се продаде. Помеѓу трансферите кои се истражуваат е тој на српскиот напаѓач Александар Митровиќ во Њукасл во 2015 година.

Белгиските обвинители објавија дека овој случај не е поврзан со „Фудбалгејт“, истрагата за местење мечеви и измами кои минатата година го „тресеа“ белгискиот фудбал.

Андерлехт, кој последен пат беше шампион во 2017 година и е историски најуспешниот белгиски клуб, е во катастрофална форма по што навивачите минатиот месец се бунтуваа и предизвикаа откажување на дербито со Стандард Лиеж, по што го отпуштија тренерот Фред Рутен по само 13 меча. На клубот, кој двапати ја освојуваше титулата од Купот на куп победници на УЕФА и еднаш УЕФА купот, му се заканува првпат да не се квалификуваат за европските натпреварувања по 55 години.

Scroll to Top