Top Sport

Лудакот Диего Коста и бокс мечот со физиотарапевтот на Челси

Легендарниот капитен на Челси, Џон Терни, на социјалните мрежи сподели видео од подготовките на тимот за сезоната 2014/2015. Главен лик во видеото е Диего Коста, кој тоа лето од Атлетико Мадрид пристигна во Челси.

Видеото го прикажува бокс мечот помеѓу Диего Коста и физиотарапевтот на Челси, Били Мекулок. Со боксерски ракавици, во шега тие боксуваат, се додека Бразилецот сериозно не за зафати за „работата“.

Најпрвин му зададе неколку удари на Мекулок, а потоа и го нокаутира, додека играчите „умираат“ од смеење.

„Меч од претсезоната 2014/15, кога ми стана јасно дека таа сезона ќе ја освоиме титулата. Каква легенда. Плачам од смеење секогаш кога ќе го гледам ова видео“, напишал Тери.

Scroll to Top