Top Sport

Луди 18 минути на „Ванда метрополитано“, Атлетико со победа (видео)

Атлетико Мадрид со 2:1 го совлада тимот на Леванте за да се врати на третото место на табелата во Ла лига во меч во кој цела акција се одвиваше во првите 18 минути на „Ванда метрополитано“.

Анхел Кореа уште во 13. минута по убава асистенција на Киеран Трипиер донесе 1:0 водство за Атлетико, но само три минути подоцна, Рожер успеа да израмни за клубот од Валенсија. „Пеколниот“ старт продолжи, откако во 18. минута од мечот, Фелипе ги постави конечните 2:1.

Со трите поени, тимот на Диего Симеоне сега е трет во лигата со 35 поени, колку што има и четвртопласираната Севилја, четири зад Барселона на второто место и пет зад градскиот ривал, Реал Мадрид на врвот на табелата. Леванте се на деветтото место со 26 поени.

Scroll to Top