Top Sport

ФА куп: „Волците“ и „ѓаволите“ ќе играат уште еднаш (видео)

Единствениот денешен дуел од третото коло на ФА купот во кој се сретнаа два тима од Премиер лигата заврши без победник , откако Вулверхемптон и Манчестер јунајтед одиграа 0:0, што значи дека ќе има втор меч на „Олд Трафорд“.

Актуелните шампиони во најстарото клупско натпреварување на светот, Манчестер сити, немаа проблем со четвртлигашот Порт Вејл, стигнувајќи до убедлива 4:1 победа. Сити дојдоа во водство во 19. минута преку Зинченко, но гостите во 35. минута израмнија преку Поуп. Агуеро ја врати предноста во 42. минута, по што во второто полувреме, младите Харвуд-Белис и Фоден да постигнат по еден гол за убедлива победа.

Лестер исто така е во четвртото коло, откако со 2:0 го победи клубот од Чемпионшип, Виган, како и Бурнемаут, кои со 4:0 ги победија Лутон таун.

ФА КУП, 3.КОЛО

Бурнемаут – Лутон 4:0

Флитвуд – Портсмаут 1:2

Лестер – Виган 2:0

Манчестер сити – Порт Вејл 4:1

Вулверхемптон – Манчестер јунајтед 0:0

Scroll to Top