Top Sport

Луди сцени на младинскиот меч Ајакс-Феенорд – хулиганите ги нападнаа родителите (видео)

Мечот на У-19 тимовите на лутите холандски ривал Ајакс и Феенорд беше прекинат, откако хулиганите на Ајакс влегоа во физички напад на родителите и пријателите на младите фудбалери на тимот од Ротердам.

По хаосот на трибините, ситуацијата се обидуваа да ја смират тренерите на тимовите, Џон Хеитинга и Дирк Кујт, а се појави и директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар. Од Феенорд го обвинија Ајакс и лошата организација, бидејќи тие и претходно го известиле клубот од Амстердам дека на мечот ќе дојдат само родителите на фудбалерите.

Инаку, мечот беше важен за титулата – на Феенорд му требаше поен, додека Ајакс мораше да победи.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');