Top Sport

Лудило на „Бернабеу“ – Реал со магичен камбек обезбеди 2:1 и продолжувања против Сити!

Пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампионите повторно ни приреди драма, откако изгледаше дека тимот на Пеп Гвардиола е веќе во финалето, пред „кралевите“ да постигнат два гола во 90. и 92. минута за неверојатен камбек и обезбедување продолженија.

По трилер-победата од 4:3 во Манчестер, Сити пристигна во Мадрид како мал фаворит, и во возбудливото прво полувреме недостасуваа голови на „Бернабеу“ со доста убави шанси на двете страни. На почетокот на второто полувреме, Реал притисна повеќе, но на крајот во 73. минута, мечот го реши Ријад Марез со фантастичен гол по асистенцијата на Бернардо Силва.

По ова, „кралевите“ се обидоа да направат камбек, за Родриго да постигне гол во 90. минута по убавата акција на Карим Бензема, за истиот фудбалер во 92. минута да донесе 2:1 водство! Бидејќи во ЛШ веќе не важи правилото „гол-на-гости“, ова значи едека по двата меча резултатот е израмнет на 5:5 и сега ни следуваат продолженија, и потенцијални пенали.

Scroll to Top