Ливерпул ги надмина сите проблеми за да стигне до неверојатна, но и тешка 4:3 победа над Кристал палас за да остане на првото место на Премиер лигата, додека Оле Гунар Солксјер и во седмиот натревар на клупата на Манчестер јунајтед стигна до седмата победа.
Андрос Таунзенд во 34. минута го шокираше „Енфилд“ за да донесе водство за Кристал палас во 34. минута, пред Ливерпул да направи целосен пресврт во второто полувреме. Мо Салах и Роберто Фирмино „удрија“ на стартот на полувремето за „црвените“ да поведат со 2:1, пред Џејмс Томкинс во 65. минута да израмни на 2:2.
Салах со вториот гол во мечот во 75. минута пак ги донесе Ливерпул во водство, за во последните десет минути да се случи „лудница“. Прво Џејмс Милнер успеа да заработи два жолти картони и да ги остави лидерите со 10 играчи, пред прво Мане во 93. минута да зголеми на 4:2, а Палас врати во 95. минута преку Макс Маер.
Манчестер јунајтед пак, сврза пет победи во низа во Премиер лигата, откако со 2:1 го совлада Брајтон на „Олд Трафорд“. Погба (од пенал) и Маркус Рашфорд донесоа 2:0 водство за „ѓаволите“, пред Брајтон да намалат на 2:1 во второто полувреме.
Евертон продолжи со лошите игри, откако беше поразен со 2:1 кај Саутемптон, додека Њкасл освои важни поени во 2:0 победата над Кардиф.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 23. КОЛО
Бурнемаут – Вест хем 2:0
Ливерпул – Кристал палас 4:3
Манчестер јунајтед – Брајтон 2:1
Њукасл – Кардиф 2:0
Саутемптон – Евертон 2:1
Ватфорд – Барнли 0:0