Top Sport

Лудило на „Сент Џејмс Парк“: Њукасл му даде пет гола на Тотенхем за 20 минути

Дуелот меѓу Њукасл и Тотенхем требаше да биде дерби за пласман во Лигата на шампионите, но се претвори во ревија од голови на домаќинот и неверојатен дебакл кој им се случи на фудбалерите на лондонскиот тим за само дваесетина минути. За неверување, Њукасл успеа да постигне пет гола за 20 минути.

Џејкоб Марфи во втората минута донесе водство, а четири минути подоцна погоди и Жоелинтон. Потоа повторно стрелаше Марфи за 3:0 во деветтата минута.

Се надоврза и Александер Исак со два гола, во 19. и во 21.минута од мечот.

Фудбалерите на Тотенхем не знаат што ги снајде на теренот.

Scroll to Top