Top Sport

Важен триумф за Валенсија во битката за опстанок

Валенсија ја оствари осмата победа во Ла Лига оваа сезона откако славеше на гости против Елче со 0:2. „Лилјаците“ сѐ уште се во опасната зона на табелата со 30 освоени бода.

Самуел Лино го отвори резултатот во 19.минута на асистенција на Единсон Кавани. Пред одморот, Валенсија поведе и со два гола разлика. Верду си постигна автогол во 42.минута од мечот.

Елче е сигурен патник во Секунда Дивизион, а Валенсија со оваа победа ги зголеми шансите за опстанок.

Scroll to Top