Астон Вила ја оствари својата прва победа по враќањето во Премиер лигата, откако во најчестиот судир во англиската фудбалска историја, со 2:0 ги победија Евертон. Ова беше вкупно 203. лигашки меч помеѓу овие два клуба и Вила ја забележа 74. победа (Евертон има 76 победи).
Човек на одлука беше бразилскиот напаѓач Весли, кој во 21. минута по еден брз контранапад успеа да го совлада англискиот репрезентативен голман, Џордан Пикфорд. Во 95. минута од мечот, Анвар Ел Гази само го потврди триумфот – прв во третото коло по поразите од Тотенхем (3:1) и Бурнемаут (2:1).