Top Sport

Лудило во Колчестер откако го елиминираа Тотенхем од Лига купот (видео)

Тотенхем успеа да испадне од 1/16 финалето на ЕФЛ купот, откако четвртолигашот Колчестер јунајтед ги победи на пенали – ѕвездите Кристијан Ериксен и Лукас Моура не успеаја да дадат голови во пенал-серијата, откако мечот заврши 0:0 по регуларните 90 минути.

Ова е втора победа во низа на пенали на Колчестер во ЕФЛ купот, откако претходно елиминираа уште еден премиерлигаш, Кристал палас на својот „Џобсерв Комјунити“ стадион. Инаку, Колчестер во текот на мечот имаше само 25% од поседот на топката и не упати ниту еден удар на голот на Тотенхем.

Ериксен, кој влезе во второто полувреме не го совлада противничкиот голман, пред Лукас да ја погоди пречката за да предизвика лудо славје на домашните навивачи. Од друга страна, Тотенхем немаат победа на гости веќе пет меча.

Scroll to Top