Top Sport

Вучиќ: Ќе објавам колку пари добиле „вечните ривали“ од државата

Во неделата Партизан ја победи Црвена ѕвезда со 2-0 во 161 вечно дерби. По мечот, како и секогаш двете страни се расправаат преку медиумите.

Од Црвена ѕвезда се лути бидејќи сметаат дека им е поништен регуларен гол при резултат 0-0, а генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ, рекол дека Партизан ја труе јавноста со лагите дека „Црвена ѕвезда е милениче на државата“.

Расправата околу тоа кој добил колку пари од државата за покривање на разни долгови отишла предалеку кога во неа морал да се вклучи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Државата ја користат за да ги оправдаат своите порази или да ги слават своите успеси. Кога ќе се врататм во Белград ќе ги објавиме комплетните бројки, за да може народот да види кој е миленик и колкав ‘п…р’ е Вучиќ“, рекол српскиот претседател и напоменал дека ќе ги објави точните бројки.

„Потоа на многумина ќе им биде непријатно. Јас ќе зборувам поради вистинските навивачи, а не поради политичките активисти што седат на западната трибина. Да знаат вистинските навивачи што се случува и колку пари сме им дале. Нема да бидам на ова место доколку некој ме демантира и за еден динар. Народот ќе каже и ќе прашува, зошто сме им дале толку многу пари. Народот мисли дека тие немаат ништо дека умираат од глад…“, рекол Вучиќ.

Scroll to Top