Top Sport

„Лудиот“ рекордер Абреу потпиша за својот 28. клуб во кариерата

Себастијан Абреу, можеби има 42 години, но тоа не му пречеше да го продолжи својот Гинисов рекорд со потписот за својот 28. клуб во кариерата.

Бразилскиот четвртолигаш Рио Бранко реши да му даде шанса на фудбалерот со прекар „Ел локо“ (лудиот), и тој пристигнува таму откако играше фудбал за војската на Чиле.

„Конечно, дојде денот повторно да дојдам во Рио де Жанеиро и да покажам што умеам. Им благодарам за навивачите за убавите пораки на социјалните мрежи“, изјави Абреу.

Фудбалерот кој има 70 настапи за уругвајската репрезентација во својата кариера играл за: Дефенсор, Сан Лоренцо, Депортиво ла Коруња, Гремио, Текос, Насионал, Круз Азул, Америка, Насионал, Синалоа, Монтереј, Сан Луис, УАНЛ, Ривер Плата, Беитар Ерусалим, Реал Сосиедад, Арис Солун, Ботафого, Фигуеиренсе, Росарио Сентрал, Аукас, Сол де Америка, Санта Текла, Бангу, Сентрал Еспањол, Пуерто Монт, Аудакс Италијано, Магалјанес, и сега за Рио Бранко!

Рекордерот Абреу со маса по своите фанови!

Scroll to Top