Top Sport

Лудница на „Ноу Камп“, седум гола, Бетис ја шокира Барселона (Видео)

Фудбалерите на Бетис ја шокираа Барселона во 12.коло, во Примера. Барса и Бетис одиграа спектакуларен меч, кој на крајот им припадна на гостите од Севилја со 4:3. Во тимот на Барселона за овој меч се врати Лео Меси, додека поради повреда не настапи Фелипе Кутињо.

Сензацијата на „Ноу Камп“ ја најави Фиро Жуниор во 20.минта, кога успеа да ги надмудри Серхио Роберто и Тер Штеген. Голманот на Барселона 14 минути подоцна мораше уште еднаш да ја вади топката од својата мрежа. Деконцентрацијата во одбраата во одбраната на Барселона, ја искористи ветеранот Хоакин Санчез, кој само ја заврши одличната акција на соиграчите.

Неизвесноста на теренот ја врато Меси, кој не играше на претходните два натпревари во првенството. Аргентинецот беше сигурен реализатор на најстрогата казна во 67.минута. Само четири минути подоцна следуваше нов шок за Барселона. Ло Селсо зголеми на 3:1 по лошата реакција на Тер Штеген.

Барселона на гол негатива дојде во 79.минута, кога стрелец беше Артуро Видал. Голото го потврди и ВАР-технологијата. Две минути подоцна Ракитиќ ја напушти играта поради вториот жолт картон. Веќе во наредниот напад Серхо Каналес го постигна четвртиот гол за Бетис.

Конечниот резултат го постави Меси во 94.минута, а одново судијата Лахоз го консултираше ВАР системот.

Scroll to Top