Top Sport

„Луѓето не знаат што ми се случуваше во Атлетико“

Жоао Феликс (24) повторно проговори дека не се чувствувал пријатно во Атлетико Мадрид, поради што со задоволство се согласил да оди на позајмица во Барселона.

Напаѓачот постигна гол на двата меча меѓу овие два тима во Примера, што не е добра вест за многу навивачи на клубот од главниот град. Португалецот го постигна единствениот гол на „Монжуик“, во првиот дел од сезоната, а во неделата вечерта го постигна првиот гол во Мадрид за триумф на Барселона од 3:0.

Во меѓувреме доби критики и свирежи од фановите на Атлетико.

„Навивачите на Атлетико не знаат што ми се случуваше во Мадрид. Ги разбирам, но не треба да мислат дека сум лошо момче. Дури и со играчите на Атлетико се согласувам многу добро“.

Феликс сакаше само да се потсети на целата тензија што владееше меѓу него и тренерот Диего Симеоне. Поради несугласувањата, тој вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Челси.

Останува да се види дали Португалецот ќе се врати во „Сивитас Метрополитано“ на крајот од оваа сезона, бидејќи неговата позајмица истекува во јуни, а во договорот нема задолжителна откупна клаузула.

Scroll to Top