Top Sport

Луис Алберто со „бомба“ – Лацио со голема победа над Интер

Новото враќање на Симоне Инзаги на „Олимпико“ пред навивачите на Лацио, не помина најдобро, откако неговите Интер во интересен меч го претрпеа првиот пораз во новата сезона, предавајќи ја победата од 3:1 на „бјанкочелестите“.

Тимот на Маурицио Сари прв дојде во водство во 40. минута по асистенцијата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ до Фелипе Андерсон, но бргу во второто полувреме, Интер успеа да израмни преку Лаутаро Мартинез во 51. минута.

Трите поени останаа во Рим благодарение на Луис Алберто, кој постигна фантастичен гол од огромна далечина во 78. минута за нова предност. Педро во 86. минута, конечно, стави крај на неизвесноста и барем привремено ги искачи Лацио на првото место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top