Поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике пристигна во Лондон каде со својот агент Иван де ла Паења ќе преговара за менаџерска позиција на клупата на Челси.
Раководството на Челси е во потрага по наследникот на Грем Потер, но сигурно ќе ги продолжат преговорите и со уште неколку стратези, Јулијан Нагелсман, Маурисио Покетино, Зинедин Зидан, Жозе Мурињо…
Медиумите на Островот најавуваат дека претседателот Тод Боели размислува и за ангажман на клупската легенда Френк Лампард како привремен менаџер до крајот на сезоната. Во моментот,
Челси се наоѓа на 11. позиција во Премиерлигата со 39 бода и неодамна го отпушти Грем Потер.
Во својата тренерска кариера, Луис Енрике освои една Лига на шампиони, Суперкуп на Европа, Светско клупско првенство, два шампионати на Шпанија, три Купа на кралот и еден шпански Суперкуп.