И покрај тоа што Шпанија е блиску до место на Фајнал фор во Лигата на нации по импресивните победи од 2:1 над Англија и од 6:0 над Хрватска, дел од каталонските медиуми тврдат дека новиот селектор Луис Енрике намерно ги „игнорира“ фудбалерите на Барселона.
Енрике, кој е легенда на Барселона и поранешен тренер на Блауграна, против Хрватска играше со шест фудбалери на Реал Мадрид и само еден од неговиот поранешен клуб – Серхио Бускетс. Енрике вели дека не размислува кој каде игра кога го составува тимот.
„Не знаев и не ми е грижа. Сите фудбалери припаѓаат на шпанската репрезентација и тоа е сѐ. Не се од еден или друг клуб. Го гледам само националниот дрес. Задоволен сум од моите фудбалери и тешко е да се критикува по ваква победа. Ми се допаѓаше речиси сѐ што видов“, вели Енрике.
Фото: ЕПА