Диего Коста, поради повреда, нема да биде во составот на Шпанија на првите две средби во Лигата на Нации, против Англија и Хрватска.
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, на местото на напаѓачот на Атлетико Мадрид го повикал искусниот Јаго Аспас (31) од Селта Виго.
Аспас играше на СП во Русија, тој го постигна последниот гол за „црвената фурија“ на мундијалот на натпреварот против Мароко. Досега има одиграно 13 натпревари на кои постигнал шест гола за националниот тим.
Шпанија, во Лигата на Нации, ќе гостува кај Англија на 8.септември, а три дена подоцна во Елче ќе ја пречека Хрватска.