Top Sport

Луис Енрике ќе се врати на клупата на Шпанија

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија Луис Енрике повторно ќе ја преземе оваа функција во националниот тим, објави „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на информациите на „Кадена СЕР“.

Луис Енрике, пред почетокот на ЕУРО 2020, на клупата на „црвената фурија“ ќе го замени Роберто Морено.

Наскоро се очекува оваа информација да добие потврда и од Фудбалскиот сојуз на Шпанија. 49 годишниот Енрике е поранешен играч на Реал и Барселона, а во тренерската кариера работел во Селта, Рома и Барселона.

Луис Енрике претходно ја напушти репрезентацијата на Шпанија поради здравствените проблеми што ги имаше неговата ќерка, која почина во септември оваа година.

Scroll to Top